Нејмар: „Сонувам повторно да играм во Бразил“

Бразилскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Нејмар, летово ќе го напушти клубот од Париз иако има уште две години од актуелниот договор. Голем број клубови се во игра за неговиот потпис, се спомнуваат Манчестер јунајтед, Челзи, Њукасл, Барселона и, секако, Саудиска Арабија.

Неговата плата во ПСЖ е 40 милиони евра годишно плус бонуси, но и покрај големата заработувачка, Бразилецот не сака да остане во ПСЖ бидејќи беше цел и на негодувања од страна на навивачите.

Сепак, Нејмар со една изјава најави дека можно е и враќање во Бразил, иако не прецизираше кога би се случило тоа. Шансите за такво нешто во моментов се минимални.

„Животот на еден фудбалер е динамичен. Сонувам да се вратам во Бразил, сонувам повторно да играм за Сатос. Се надевам дека еден ден тоа ќе се случи. Во фудбалот сè е можно“, изјави Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести