Американскиот кошаркар и капитен на белградски Партизан, Кевин Пантер, беше најзаслужен за одличната сезона на „црно-белите“. Партизан на крилјата на одличниот Пантер беше на чекор од завршниот турнир на Евролигата, а ја освои и АБА-лигата по пауза од 10 години.
Сега грчките медиуми објавуваат дека токму Американецот е главната цел за новиот проект на Панатинаикос, кој со огромен буџет ќе влезе во новата сезона. Клубот од Атина му нуди на Кевин Пантер договор на две сезони вреден 4,7 милиони евра, со што би станал еден од најплатените кошаркари во Европа.
Турчинот кој е на клупата на Панатинаикос, Ергин Атаман, за следната сезона најстојува во своите редови да го има Пантер, со кого би атакувал дури и на европските трофеи.