Европската ракометна федерација, ЕХФ, денес ги објави шеширите за ждрепката за новата сезона на ракометната Лига на шампиони.
Екипата на Еурофарм Пелистер се најде во последниот, трет шешир заедно со екипите на Порто (Португалија), Цеље (Словенија), Загреб (Хрватска) и Колстад (Норвешка).
Во првиот шешир се најдоа екипите на Барселона (Шпанија), Кил (Германија), Кјелце (Полска), ПСЖ (Франција), ГОГ (Данска) и Веспрем (Унгарија).
Во вториот квалитативен барабан се екипите на Магдебург (Германија), Висла (Полска), Монпеље (Франција), Алборг (Данска) – ПИК Сегед (Унгарија).
Според правилата, две екипи од иста држава нема да може да играат во иста група, а тоа значи дека Еурофарм Пелистер со сигурност ќе добие противници од Германија, Полска, Франција и Унгарија.
Сите 16 екипи ќе бидат поделени во две групи од по 8 екипи. Најдобрите две одат директно во четврфиналето, додека екипите од третото до шестото место ќе разигруваат во осминафиналето, а двете последнопласирани екипи го завршуваат настапот.
Ждрепката за новата сезона ќе се одржи во вторник, 27-ми јуни, со почеток во 11 часот.