Арапите му нудат богатство, но Брозовиќ сака во Барселона

Марсело Брозовиќ и дефинитивно ова лето ќе си замине од Интер и следната сезона ќе има нов клуб. Иако голем број клубови беа заинтересирани за неговите услуги, сепак, во моментов хрватот има само две опции: Ал-Наср или Барселона.

Неговиот менаџерски тим го убедува да ја прифати богатата понуда на арапите од 20 милиони евра, но Брозовиќ е упорен својата кариера да ја продолжи во Барселона.

Интер ќе доби и обесштетување за трансферот на хрватот. Познато е дека Ал-Наср понудил 18 милиони евра, но не е позната сумата која ја нуди Барселона.

- Оглас -

Најнови вести