Бојан Трајковски е слободен играч

Македонскиот репрезентативен центар и еден од двајцата добитници на наградата кошаркар на годината, Бојан Трајковски, повеќе не е член на унгарскиот прволигаш Атомерому Пакс. Трајковски и челниците на клубот ја прекинаа соработката која почна летоска.

Искусниот Трајковски на 17 настапи (13 пати беше во првата петорка) имаше просек од 11,5 поени и 6,2 скока по меч. Во минатата сезона тој го носеше дресот на МЗТ Скопје, по што реши да се обиде во странство, а и по заминувањето од Унгарија, приоритет му е да игра надвор од Македонија.

Во унгарските медиуми пред една недела најавија дека е можно прекинување на соработката, а како една од причините се спомна недисциплина на македонскиот кошаркар. Бојан не играше против Солнок, а во последните денови не ни тренираше поради болест.

 

- Оглас -

Најнови вести