Саудиските екипи немаат намера да запрат со ангажирањето на фудбалери на кои им нудат безобразно големи плати, а последен на кој се намерачија е играчот на Арсенал, Томас Парти.
Според медиумите, екипите на Ал-Хилал, Ал-Наср и Ал-Калеј се заинтересирани за Парти и му нудат дури 200 милиони долари за двегодишен договор. Екипите исто така се подготвени и да платат отштета на Арсенал.
Последен фудбалер кој се пресели во Саудиска Арабија е Рубен Невеш чиј трансфер во Ал-Хилал, вечерва е потврден.