“Викинзите“ ќе бидат ефикасни: Се очекуваат многу голови на натпреварите во Норвешка (Фото)

3690 – Сотра – Левангер (16:00)

Најквалитетната екипа во третата норвешка лига – група 2, Левангер ќе гостува на четвртопласираната Сотра, од која има двојно повеќе бодови. Левангер со 30 бодови е лидер, додека Сотра има само 15 поени. Левангер има неверојатни седум победи по ред на гостински терен, а оваа серија е 10 натпревари без пораз на гости, од кои само две се нерешени. На спротивната страна, екипата на Сотра ги загуби последните два натпревари. Овие две екипи имаат одиграно само три меѓусебни дуели и тие секогаш завршувале со најмалку три голови. Левангер победи на сите три дуели, двапати со по 2-1, и еднаш со 4-3.

Предлог тип: Х2 & 3+ (1.96)

 

2514 – Согндал – Фредрикстад (20:00)

Разликата помеѓу овие две екипи на табелата е само еден бод. Фредрикстад има 22 бодови на втората позиција, додека Согндал е четвртопласиран со 21 поен. Домаќините се во одлична форма и немаат пораз на последните четири натпревари, а кога ќе се земат само домашните дуели тогаш таа серија е седум натпревари без пораз. Во меѓусебните дуели на последните пет натпревари одиграле “гол-гол“, а осум од последните 10 натпревари завршувале со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 1Х & ГГ (3.05)

 

3682 – Кјелсас – Фрам Ларвик (15:00)

Екипата на Кјелсас е голем фаворит во дуелот против Фрам Ларвик, а тоа го покажува и табелата во третата норвешка лига. Домашните со 19 бодови се на четвртата позиција, додека Фрам Ларвик има само 11 поени и е над опасната зона. Кјелсас е во серија од три победи, а на домашен терен има неверојатни 10 победи по ред.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.50)

 

2512 – Ход – Брине (15:00)

Екипите на Ход и Брине се во долниот дел од табелата во норвешкиот второлигашки фудбал и денес нема што да бранат. Двете екипи мора да тргнат по бодови и да бидат ефикасни ако сакаат бодови. Последните пет натпревари помеѓу овие две екипи завршуваат со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.14)

 

2501 – Викинг – Бран (18:00)

Дуел на две екипи од врвот на норвешкиот фудбал. Домашните се на четвртата позиција, додека гостинската екипа е второпласирана. Бран влегува како фаворит пред се поради одличната форма во која се наоѓа, со оглед на тоа дека нема пораз на последните осум натпревари на кои забележа шест победи и само две нерешени. Бран на последните шест натпревари одигра со најмалку три голови, а таа серија кај Викинг е три меча.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести