Поранешниот ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер, и официјално стана македонски зет, откако вчера стапи во брак со Марија Андоновска. Тој сега е и баџанак на Игор Карачиќ, бидејќи сопругата на Игор, Душица и сопругата на Дисингер, Марија, се сестри близначки.
Во последниот период најактуелни беа баџанаците, а сега и соиграчи во Реал Мадрид, Карвахал и Хоселу, кои исто така за сопруги имаат сестри близначки.
Дека периодот од кариерата кој го поминаа во Вардар го одбележа нивниот живот говори и фактот дека кумови на нивната свадба беа Тимур и Ирина Дибирови.