Партизан после пауза од десет години ја освои јадранската АБА лига, во мајсторката од финалето ја победија Црвена ѕвезда со 3-2 во победи, а администраторите на Фејсбук страницата на Ѕвезда не ставија ништо во врска со конечниот исход на мечот.
Поминаа два дена од крајот на финалето, и јасно е дека нема да информираат за резултатот, затоа што после информацијата за резултатот од полувремето (54-34 за Партизан), наредната вест им е од вчера, а тоа е дека Стефан Марковиќ си заминува од клубот.
На официјалната интернет страница на клубот, има извештај од мечот, стои и резултатот кој не е поволен за Ѕвезда, истото стои и на профилот на „Твитер“, но на Фејсбук, нема текст за тоа како завршило финалето на АБА лигата.