Баерн повторно тргнува по потписот со Кејн

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, би можел да се пресели во Баерн Минхен, пишува германскиот магазин „Билд“.

Магазинот пишува Кејн иако ја одбил понудата на Баерн пред неколку недели, сега работите се промениле и трансферот не е невозможен иако желбата на напаѓачот е да се преселли во Манчестер јунајтед.

„Билд“ пишува дека управата на Баерн повторно стапила во контакт со претставниците на Кејн и се подготвени да се натпреваруваат со Манчестер јунајтед кој доставил официјална понуда од 90 милиони евра.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува идното лето и фудбалерот веќе го извесил претседателот Даниел Леви, дека нема намера да потпише нов договор и дека сака уште ова лето да си оди.

- Оглас -

Најнови вести