Борзаш е новото засилување за Е. Пелистер

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, продолжува да се засиува за следната сезона во која ќе настапува во Лигата на шампионите и последно име потпиша е српскиот репрезентативец Урош Борзаш.

Борзаш потпиша двегодишен договор, а во Битола доаѓа од норвешкиот шампионат каде настпапуваше за Елверум.

Борзаш кој игра на левата бековска позиција, минатата сезона постигна 48 гола на 14-те натпревари во Лигата на шампионите со Елверум.

Борзаш кариерата ја започна во Веспрем, а покрај Елверум има настапувано и за Татабања и Тулуз. Претставувањето на најновото засилување е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола.

- Оглас -

Најнови вести