На натпреварот од третата бразилска лига Серија Ц помеѓу Манаус и Конфианса, кој заврши 3-3, фудбалер доби жолт картон само три секунди по почетокот на натпреварот.
Домашниот напаѓач Кленисон се затрча кон противничкиот играч кој ја доби топката после почетниот удар, но на патот му се испречи друг, па реши со хокеарски бодичек да го турне на земја. Потегот беше агресивен и тоа пред очите на судијата, па на Кленисон како предпредување му беше покажан жолт картон.
Видео може да погледнете ТУКА.