Реал Мадрид и Барселона ќе се изнаиграат меѓусебе

На 6 февруари, Барселона ќе го пречека Реал Мадрид во првиот нивен меѓусебен дуел од полуфиналето на шпанскиот Куп на кралот, но тоа ќе биде само еден од трите „ел класика“ за помалку од еден месец. На 27 февруари во Мадрид, ќе се игра реваншот од купот, а само четири дена подоцна, на 2 март, Реал ја пречекува Барса на „Сантијаго Бернабеу“ и во првенствен меч.

Доколку Реал и Барса се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а на хартија, имаат повеќе од реални шанси за тоа, може да се случи пролетва најголемите шпански ривали да играат меѓусебе уште двапати, во четвртфиналето или евентуално подоцна во полуфиналето на ЛШ.

Распоредот на Реал за следните 30-тина дена не е баш пријатен. После гостувањето кај Барса, три дена подоцна гостува кај Атлетико Мадрид во меч од лигата, а на 13 февруари оди кај Ајакс во Амстердам. Од 27 февруари до 5 март, Реал има две пресметки со Барса и една со Ајакс, но овие три тешки меча се во Мадрид.

Што се однесува до Барса, и таа нема да има лесен календар. Освен трите „Ел класика“, треба да игра со Валенсија и Валјадолид дома, со Атлетик во Билбао, на гости кај Лион во ЛШ, и кај Севилја во првенствен меч.

- Оглас -

Најнови вести