Како изглега кога атлетичарка која се натпреварува во фрлање ѓуле трча 100 метри со пречки (Видео)

Белгијката Жолиен Боумкво стана инстант-ѕвезда на Европското екипно атлетско првенство, откако одлучи да и помогне на својата репрезентација да освои бодови.

Боумкво се натпреварува во фрлање ѓуле, но за својата репрезентација трчаше на 100 метри со пречки. Откако се повреди белгиската атлетичарка која требаше да трча на 100 метри со пречки, а немаше друга замена, Боумкво го прифати предизвикот и ги освои симпатиите на сите.

Таа беше за една глава повисока и покрупна од останатите атлетичарки кои се појавија на стартот, но успеа да ја заврши трката со 20 секунди послабо време од победничката, но сепак и донесе на Белгија два бода во екипна конкуренција. Еден бод беше освоен поради последното место и уште еден бидејќи една атлетичарка беше дисквалификувана поради погрешен старт.

На крајот, откако за заврши трката, сите атлетичарки и честираа за нејзиниот подвиг.

https://twitter.com/i/status/1672619472463511555

https://twitter.com/i/status/1672621749379416068

 

- Оглас -

Најнови вести