Баерн Минхен има план: „Не сакаме платеници во нашата екипа“

Екипата на Баерн Минхен сè уште е многу тивка на трансфер-пазарот и досега доведе само двајца нови фудбалери, Рафаел Гереиро и Конрад Лајмер. На Баварците им е потребен квалитетен напаѓач од типот на Хари Кејн или Виктор Осимен, но и играчи од средниот ред и посебно од одбраната, откако стана познато дека на излезна врата се Лукас Ернандес и Бенџамин Павар.

Новиот спортски директор на Баерн Минхен, Јан Кристијан Дресен, знае какви фудбалери сака во својата екипа.

„Фудбалерот мора да се идентификува со нас, со нашите вредности. Не сакаме платеници кои на две години менуваат клуб. Ни требаат играчи кои зрачат со енергија, кои даваат сè од себе за Баерн и за неговите навивачи“, вели Дресен за германските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести