Ѓоковиќ откри што сака да биде по завршување на кариерата

Новак Ѓоковиќ по освојувањето на рекордниот седми трофеј на отвореното првенство на Австралија, рече дека кога ќе ја заврши играчката кариера, би сакал да работи како тренер. Србинот секогаш имал поддршка од одлични стручњаци, го тренираа од Јелена Генчиќ, Богдан Обрадовиќ, Никола Пилиќ, до Марјан Вајда, Андре Агаси и Борис Бекер.

„Би сакал да бидам тренер. Сакам да ги советувам младите играчи, да ги следам, секогаш да поразговарам со нив. Познато е дека кога сум во Белград, тренирам на Дорќол, и таму гледам доста млади тенисери“ – рече Ѓоковиќ во едно интервју.

Дали човек кој освоил сè, освен олимписко злато, може да биде исто толку успешен и како тренер, е работа и на среќа, а не само на знаење.

Веројатно уште е рано да се мисли на оваа тема, можеби за 7-8 години Ѓоковиќ ќе реши да заплива во тренерските води, но има предиспозиции, иако е многу напорно и речиси невозможно цела година да се биде тренер, сметаат стручњаците. На Ноле повеќе би му одговарала позиција како таа на Бекер во неговиот тим, да биде покрај играчот поради психолошка стабилност.

- Оглас -

Најнови вести