Летонско-ирска комбинација со многу голови за одличен тикет во Квотите на денот (Фото)

Три натпревари од кои два се од првенството на Ирска и еден од Летонија се дел од Квотите на денот во Sport Life. Трите натпревари на коишто се очекуваат голем број погодоци искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од рамно 13.

Ефикасен натпревар се очекува во Летонија, каде што ќе се сретнат екипите на Даугавапилс и Тукумс. Предлог за овој натпревар е да се одигра дека во првото полувреме ќе биде постигнат најмалку еден погодок, додека во вториот дел ќе има најмалку два гола. Квотата за овој натпревар е 2.30.

Најголемата квота во оваа понуда е за дуелот помеѓу Дандалк и Сент Патрикс во ирското првенство. Се очекува во двете полувремиња да има по еден или два гола, а квотата за оваа игра е неверојатна, дури 2.75.

Вториот натпревар од Ирска е дуелот помеѓу Шемрок и Дери сити, во кој домашните влегуваат како благи фаворити. Од таа причина предлогот е да се одигра двојна шанса на Шемрок, но и на натпреварот да бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Квотата за овој натпревар е 2.05.

- Оглас -

Најнови вести