Се очекуваат возбудувања на натпреварите од Голд купот, но не и голем број погодоци (Фото)

3686 – Арендал – Алесунд II (17:00)

Дуел на екипи кои се на спротивни места на табелата во норвешката лига. Домашниот Арендал е на петтата позиција, но само со два поена заостанување од второпласираниот, додека гостите само со шест бода се претпоследни. Втората екипа на Алесунд иако игра лошо оваа сезона, сепак има серија од пет натпревари на кои не се постигнати повеќе од три погодоци и освен два нерешени резултати, останатите натпревари ги губат минимално.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.85)

 

3687 – Лин – Волеренга II (19:00)

Екипата на Лин е апсолутен фаворит во дуелот против втората екипа на Валеренга. Домашните се второпласирани и со евентуална победа ќе му се доближат само на два бода од лидерот Егерсунд. Волеренга II на последниот натпревар загуби дома од Фрам со 1-5, а сличен пораз ги очекува и денес од фаворизираниот тим на Лин.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.30)

 

2534 – Тролхатен – Твакер (19:00)

Екипата на Тролхатен со победа на денешниот натпревар против Твакер ќе избие на лидерската позиција во третата шведска лига. Нејзиниот противник е само два бода над опасната зона и до крајот на првенството ќе се бори за опстанок. Дуелите на Тролхатен се ефикасни и на последните три натпревари најмалиот број голови што е постигнат е четири.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.25)

 

5644 – Салвадор – Мартиник (00:30)

Репрезентациите на Салвадор и Мартиник ќе влезат претпазливо во првиот дуел од Голд купот и ниту еден од селекторите нема да ризикува да го започне првенството со пораз. Двете репрезентации имаат одиграно само еден меѓусебен дуел, и тоа пред 20 години, кога Салвадор победил со 1-0. Салвадор е во исклучително лоша форма и нема победа дури на осум средби по ред во сите натпреварувања, а три од поразите се со идентични 0-1.

Предлог тип: 0-1I&0-1II (1.95)

 

5607 – Костарика – Панама (02:30)

Интересен се очекува да биде дуелот помеѓу Костарика и Панама. Двете репрезентации се изедначени по квалитет и само нијанси ќе одлучуваат на нивниот натпревар. Двете репрезентации имаат одиграно многу меѓусебни натпревари, но на последните шест селекцијата која победувала, тоа го правела без да прими погодок, а еден дуел завршил без голови, 0-0. Девет од последните 10 натпревари на овие две репрезентации не биле „гол-гол“.

Предлог тип: НГ (1.71)

- Оглас -

Најнови вести