Шпанскиот репрезентативец Ајмерик Лапорт со Манчестер сити ја освои тројната круна, но соиграчите го „разочараа“ кога тој требаше да го стави најважниот потпис во животот.
Имено, Лапорт и балерината Сара Ботељо одлучија долгогодишната врска да ја крунисаат со брак, а на свадбата иако биле повикани сите фудбалери на Манчестер сити, се појавиле само двајца.
Тоа биле неговиот соиграч од шпанската репрезентација, Родри, и напаѓачот Ерлинг Халанд.
https://twitter.com/City_HQs/status/1672624093097492480?s=20