Му ја донесе титулата на Партизан во АБА-лигата по една деценија и се пресели во Шпанија

Капитенот на новиот шампион во АБА-лигата, Партизан, Кевин Пантер, ги напушти Црно-белите и кариерата ќе ја продолжи во Барселона, објави „Јурохупс“.

Според специјализираната интернет-страница за европска кошарка, Пантер, кој беше МВП на финалната серија во АБА-лигата, се договорил да потпише двегодишен договор со Барселона иако до вчера фаворити за неговиот потпис беа Панатинаикос и Реал Мадрид.

https://twitter.com/Eurohoopsnet/status/1673455303633911808?s=20

Пантер за двегодишниот престој во Барселона ќе заработи шест милиони евра бруто, а нето-платата ќе му изнесува 1,6 милион евра по сезона.

Кевин Пантер во последните две сезони настапуваше за Партизан, а изминатата сезона беше најдобар играч на Црно-белите, кои ја освоија титулата во АБА-лигата и играа во четвртфиналето на Евролигата, каде што загубија од Реал Мадрид во мајсторката.

- Оглас -

Најнови вести