Баерн испрати официјална понуда за Хари Кејн, но дали е доволна?

Германскиот првак Баерн Минхен го презеде првиот конкретен чекор кон ангажирање на англискиот напаѓач Хари Кејн.

Кејн после 14 години во Тотенхем, веројатно летово ќе си замине од клубот со којшто нема освоено трофеј. Иако негова желба беше трансфер во Манчестер јунајтед, Тотенхем не е расположен да го продаде 29-годишниот Кејн во друг премиерлигаш, туку ќе разгледуваат понуди само од странство.

Баерн веќе испратил прва официјална понуда за Кејн, кому договорот со Петлите му истекува следното лето. Баварците нудат отштета од 70 милиони евра. Се зборува дека Тотенхем не би го продал Кејн за помалку од 100 милиони, па веројатно оваа понуда на Баерн ќе биде одбиена, но ако нема други подобри понуди, можеби лондонскиот клуб и ќе си ги намали апетитите.

- Оглас -

Најнови вести