Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години забележа висок пораз од 93-66 од своите врсници од Грција на отворањето на меморијалот „Боби Петковски“ во Гевгелија.
Гостите од Грција одиграа одлично прво полувреме, кое го добија со 46-31. Во третиот период нашите младинци се вратија во игра откако ја добија четвртината со 20-13 и намалија на едноцифрена негатива.
Сепак, во последната четвртина гостите покажаа дека во моментов се поквалитетна екипа и го добија периодот со 34-15 за висока победа на крајот од 27 поени разлика.
На меморијалниот турнир во Гевгелија освен Македонија и Грција, учествуваат и селекциите на Израел и Црна Гора.
Македонија утре во рамките на второто коло ќе игра против младинците на Црна Гора.
ФОТО: kfsm.mk