Може ли МЗТ да остане јадрански прволигаш: Морнар се откажува од АБА лигата?!

Црногорскиот портал “Лоб Спорт“ пренесува вест која може да му оди во прилог на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје. Според црногорскиот медиум, екипата на Морнар Бар е пред откажување од настап во јадранското друштво поради сериозните финансиски проблеми во кои се најде клубот.

Во следните неколку денови ќе биде познати дали Морнар следната сезона ќе игра во АБА лигата, а според раководството, крајниот рок да се обезбедат финансиски средства е 1-ви јули.

Тоа би значело дека ќе се ослободи едно место во најквалитетното јадранско друштво кое би можело да го пополни екипата на МЗТ Скопје која испадна оваа сезона. Сепак, кога е во прашање раководството на АБА лигата се е можно и нема да изненади доколку некоја друга екипа биде вклучена во лигата, секако, доколку Морнар се откаже.

- Оглас -

Најнови вести