Неверојатен резултат: Шпанија победи со 82 разлика во осминафиналето на младинското кошаркарско првенство (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија за кошаркари до 19 години забележа неверојатна победа од 102-20 против Либан во осминафиналето на Светското младинско првенство кое се одржува во Дебрецин (Унгарија).

Шпанците се првите четвртфиналисти, откако на отворањето на денешниот натпреварувачки ден немаа милост кон противникот од Азија и во првото полувреме му дозволија да постигне само 6 поени. Шпанија го доби полувремето со 62-6!

Во второто полувреме младите шпански кошаркари постигнаа “само“ 40 поени, додека Либан уфрли “дури“ 14 поени. Во репрезентацијата на Шпанија шанса за настап добија сите 12 кошаркари, а дури 11 од нив се запишаа во листата на стрелците. 20-те поени на Либан беа дело на седум кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести