Јунајтед го изигра Де Хеа: Шпанецот го потпишал новиот договор, но од клубот не го сториле истото

Судбината на шпанскиот голман Давид Де Хеа во Манчестер Јунајтед е неизвесна. Неговиот договор завршува на 30-ти јуни и многу веројатно нема да биде продолжен.

Пред извесно време голманот и раководството постигнале усмен договор, кој подоцна бил ставен и на хартија. Де Хеа го потпишал договорот со кој се согласува да му биде намалена платата. Шпанецот се пофалил и на соиграчите дека останува на “Олд Трафорд“, но шокот следувал на само неколку денови пред истекот на актуелниот договор.

Од клубот го информирале неговиот менаџер дека договорот кој го потпишал Де Хеа не е потпишан од страната на раководство, а веќе договорорените услови не важат. Сега на шпанскиот голман му е понудено дополнително намалена плата, која тешко дека ќе ја прифати.

Давид Де Хеа веќе 12 години настапува за Манчестер Јунајтед, а голот на “црвените ѓаволи“ го бранеше на 545 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести