УЕФА донесе “анти-Челзи“ закон за да спречи злоупотреба на финансискиот фер-плеј

Европската фудбалска унија, УЕФА, на денешниот состанок на Извршниот одбор го модифицираше правилото за финансиски фер-плеј и ја ограничи должината на договорите на новите фудбалери кои пристигнуваат во клубовите на пет години.

Причина за ваквата одлука е трансферот на Енцо Фернандес од Бенфика во Челзи за 120 милиони евра и потпишаниот договор во времетраење од осум ипол години. Сега ваквите трансфери ќе мора да бидат со најголема должина од пет години, период во кој ќе мора да се оправдаат инвестираните средства.

Се почести се ваквите заобиколувања на правилата за финансиски фер-плеј, а УЕФА постојано работи на нивно усовршување и “затворање на дупките“ кои ги користат клубовите.

- Оглас -

Најнови вести