Младите Французи конечно покажаа зошто се фаворити за титулата на ЕП до 21 година

Селекцијата на Франција до 21 година со убедливи 4:1 ја совлада Швајцарија во последното коло во групната фаза на Европско првенство и конечно покажа зошто е еден од главните фаворити за титулата.

Французите настапите во групата Д ги завршија со максимални три победи, но во првите две кола беа остварени минимални победи над Италија (2:1) и Норвешка (1:0).
Вечерва младите Триколори до триумфот дојдоа во вториот дел, откако во првото полувреме беше 1:1.

Французите поведоа преку Гури, а единствениот гол за Швајцарија го постигна Ндоје. Во вториот дел, Баркола во 65-та минута погоди за 2:1, Черки десет минути подозна зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Какере во 81-та минута.
Во вториот натпревар, Норвешка со 1:0 ја совлада Италија ѝ и овозможи на Швајцарија поради подобра гол разлика да го освои второто место во групата Д и да обезбеди пласман во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести