Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, потпиша нов двегодишен договор со шампионот на АБА-лигата, објавија Црно-белите.
Иако пред неколку дена, сите медиуми објавија дека Пантер ја прифатил понудата на Барселона вредна шест милиони евра за две години, од тоа нема ништо и најдобриот играч на Партизан одлучи да остане во Белград.
Тој денеска потпиша нов двегодишен договор со Партизан и ќе ја предводи екипата во Евролигата и во АБА-лигата каде тимот ја освои титулата по пауза од една деценија.
https://twitter.com/BasketNews_com/status/1674347843144892417?s=20