Невиден скандал во Србија, дури 30 кошаркари учествувале во местење на натпревари во домашната лига

Дури 30 кошаркари во Србија се под истрага на ФИБА поради местење на натпревари, објавија српските медиуми.

Според српски „Курир“, постоела добро изработена шема на местенките, а се излегло на виделина кога ФИБА почнала да го истражува случајот. Засега не е познато дали ФИБА истражува дали местенските се од последната сезона или од претходно.

„Кошаркарската лига на Србија активно соработува со ФИФА за да се решат дисциплинските постапки и во најбрз можен рок да се обезбеди интегритетот на лигата“, стои меѓу другото во соопштението на кошаркарската лига на Србија.

- Оглас -

Најнови вести