Кејн е чекор поблиску до трансфер во Баерн

Капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација, Хари Кејн, се наоѓа многу блиску до трансфер во Баерн Минхен, откако германскиот тим подготви нова понуда.

Првичната понуда од 70 милиони евра, Тотенхем експресно ја одби, а англиските медиуми објавија дека Баерн веќе подготвил нова понуда тешка 90 милиони евра и дека договорот е многу блиску.

Иако Тотенхем бара помеѓу 100 и 120 милиони евра за својот најдобар играч, за очекување е двата тима да најдат заеднички јазик.

Кејн веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен со кој ќе потпише четиригодишен договор и неговите агенти заедно со челниците на германскиот шампион вршат притисок на Тотенхем да даде зелено светло за трансферот.

- Оглас -

Најнови вести