Баерн го продаде најскапото засилување во историјата

Германскиот и францускиот шампион, Баерн Минхен и ПСЖ постигнаа договор за трансферот на Лукас Ернандез.

Баерн се согласи да го продаде Ернандез на ПСЖ за 50 милиони евра, дури 30 милиони помалки отколку што му плати на Атлетико Мадрид во 2019 година и го направи најскапо засилување во клупската историја.

Дефанзивецот веќе се наоѓа во Париз на лекарски прегледи, по што и официјално ќе потпише тригодишен договор со ПСЖ.

Баерн Минхен веќе пронајде замена за Французинот, тоа е Ким Мин-јае од Наполи кој по отслужување на воениот рок во Јужна Кореја, ќе потпише петгодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести