УЕФА го менува официјалното име на Конференциската лига

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, планира да го промени официјалното име на третото по квалитет клупско натпреварување, и тоа само две години по создавањето на УЕФА Европа Лига на конференциите.

Натпреварувањето кое беше формирано во 2021 година, а досега го имаат освоено Рома и Вест Хем, од сезоната 2024/2025 ќе претрпи мала промена во официјалното име, отпаѓа зборот Европа, и ќе се вика и УЕФА Лига на конференции.

Промената на називот ќе придонела за понатамошен развој како самостојно натпреварување, сметаат во УЕФА. Инаку, мечевите од Конференциската лига ќе продолжат да ќе играат како и досега, во четвртоците, заедно со тие од Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести