Управата на Арсенал изминатава недела беше најактивна на фудбалскиот пазар, на „Емирати“ веќе ги донесе Каи Хаверц од Челси и Деклан Рајс од Вест хем, за кого го собори англискиот рекорд, а сега договори уште еден трансфер.
Топчиите се согласија на Ајакс да му платат отштета во висина од 50 милиони евра за еден од најталентираните дефанзивци на денешницата, Јуриен Тимбер. Од потписот со Арсенал, Тимбер го делат само лекарските прегледи.
Jurrien Timber is set to undergo a medical after Arsenal and Ajax agreed a fee in the region of £40m. First called by @MikeVerweij.
Next up for #AFC: Declan Rice. pic.twitter.com/8ATxoe3EqN
— Chris Wheatley (@ChrisWheatley) June 29, 2023
Тимбер е продукт на позната фудбалска академија на Ајакс, а за првиот тим дебитираше во 2020 година на само 18-годишна возраст. Оттогаш настапи на 120 натпревари за Ајакс, а во меѓувреме стана и стандарден холандски репрезентативец.