Македонскиот женски шампион ги доби противниците за квалификациите во ЛШ (Фото)

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, Љуботен од Тетово, на ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, ги доби противниците со кои ќе треба да игра на турнирот од 6-ти до 9-ти септември.

Најпрвин на 6-ти, Љуботен ќе игра со кипарски Аполон, а потоа три дена подоцна, во финалето или мечот за трето место, со Мура од Словенија или Самегрело од Грузија.

Уште не е одлучено каде ќе се игра мини-турнирот на кој ќе учествува и тетовскиот тим. Од овие четири клуба во групата на Љуботен, Аполон има највисок рејтинг и заедно со Мура беа меѓу носителите.

- Оглас -

Најнови вести