Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 официјално информираше дека за нов тренер на екипата е назначен 39-годишниот Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на битолскиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата на клубот.
Минатата сезона оствари успех со пионерската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.
Како играч, Петровски играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на Пелистер. На крајот на јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона.