Ернандес ги мина лекарските прегледи, официјално се сели во ПСЖ

Доскорешниот фудбалер на Барен Минхен, Лукас Ернандес, ги мина лекарските прегледи во Париз и официјални ќе биде нов фудбалер на ПСЖ. Претходно, двете екипи се договорија околу обесштетувањето кое ќе изнесува 50 милиони евра.

Вредноста на фудбалерот според Трансфермаркет е 45 милиони евра, а тој во 2019-тата година се пресели на “Алијанц Арената“ од екипата на Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.

Ернандес оваа сезона одигра само 11 натпревари за екипата на Баерн Минхен, пред се поради големиот број на повреди.

- Оглас -

Најнови вести