Додека чека да дојде Меси, Интер Мајами заборави да победува

Екипата на Интер Мајами додека го чека Лионел Меси да дебитира, ја продолжува црната серија без победа во МЛС лигата.

Интер утринава одигра 1:1 против Остин, но и понатаму е најслаб тим во Источната конференција со само 16 освоени бодови од 19 натпревари.

Последен пат, Интер во МЛС лигата славел на 14-ти мај против Њу Ингланд (2:1) и оттогаш нанижа седум порази во низа. Единствениот бод што го освои беше утринава.

Интер поведе на стартот од второто полувреме со голот на Мартинез, но во 51-та минута Лима измрани на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Навивачите на Интер со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Меси кој би требало да дебитира на 21-ви јули, но и на Серхио Бускетс од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести