Катарскиот БеИн Спорт објавува шокантна вест дека ПСЖ и Барселона се договориле, Нејмар да се врати на “Камп Ноу“. Оваа вест е чудна бидејќи Барселона е во големи финансиски проблеми, но според пишувањата клубовите и за тоа нашле начин.
ПСЖ по секоја цена сака да се ослободи од Нејмар, кој пред шест години за се уште рекордни 222 милиони евра се пресели токму од Барселона на “Паркот на принцовите“. Според договорот на клубовите, ПСЖ ќе му испаќа 70% од платата, додека останатите 30% ќе треба да му ги исплаќа Барселона.
Бразилскиот репрезентативец, Нејмар, во моментов заработува 56 милиони евра годишно. Нејмар има и голем број на богати понуди од Саудиска Арабија, но неговата желба е да остане во европскиот фудбал и да игра на врвно ниво.