ФК Вардар ги повика навивачите утре масовно да дојдат на првиот официјален тренинг

Фудбалскиот клуб Вардар преку социјалните мрежи ги повика своите поддржувачи да дојдат на првиот официјален тренинг закажан за утре.

„Почитувани навивачи на клубот,

Ве покануваме утре на првиот официјален тренинг на ФК Вардар, кој ќе се одржи веднаш зад западната трибина на Градскиот стадион. Собирот на навивачите започнува во 18 часот, на фонтаната во градскиот парк. На собирот ќе може да се купат промотивни маички ‘Вардар – клуб на народот’ по цена од 500 денари.

Покрај тоа, пред сите јавно ќе бидат соопштени начелата на нашата најголема заедничка акција – Продажба на членски карти, со кои ќе може да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар во сезоната 2023/24.

Бидете присутни зашто борбата започнува утре!“, соопштија Црвено-црните.

Според најавите, во 18.45 фановите ќе се упатат заедно кон теренот за тренинг, каде што ќе им дадaт поддршка на фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести