Барселона е единствениот клуб во светот кој реновира два стадиони одеднаш, „Монжуик“ ќе биде подготвен за следната сезона

Екипата на Барселона во следните 15-тина месеци ќе мора да ги игра своите домашни натпревари на резервниот стадион, а во случајов тоа е Олимпискиот стадион „Монжуик“ во Барселона, или како што е неговото официјално име во моментов „Луис Компанис“.

Овој стадион до 2009-тата година беше дом на лутиот ривал на Барселона, екипата на Еспањол, но оттогаш остана празен и не беше употребуван, освен инцидентно, а е во сопственост на градската управа на Барселона.

Токму поради тоа потребни беа градежни зафати и шминка за тој да биде доведен во ред и да ги исполни условите за одигрување на натпревари од шпанската Примера. Градежните активности сè уште не се завршени, но раководството на клубот и официјално објави дека тие ќе завршат на време. Со тоа Барселона стана единствениот клуб на светот кој во исто време реновира два стадиони, матичниот „Камп ноу“ и резервниот „Монжуик“.

- Оглас -

Најнови вести