Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го доживеа и третиот пораз во исто толку натпревари на Европското првенство Б дивизија во Софија, овојпат од репрезентацијата на Хрватска со 83-41.
Поразот од Хрватска воедно е и најубедлив во досегашниот тек од првенството бидејќи претходните натпревари беа загубени со 21 разлика од Холандија и 18 разлика од Исланд.
За младите кошаркарки останува првата победа на Б првенството на Европа да ја бараат утре против Данска, репрезентација која исто како и нашата ги загуби трите натпревари. Откако ќе заврши групната фаза, нашите младинки ќе разигруваат за пласман од деветтото до 18-тото место.