Бразил има нов селектор, ќе го води тимот привремено, а потоа доаѓа Карло Анчелоти!

Фернандо Диниз ќе биде привремен селектор на бразилската фудбалска репрезентација во период од најмногу една година, а следното лето се очекува на клупата да седне Карло Анчелоти, кој во моментов работи во Реал Мадрид.

Диниз е актуелен тренер на Флуминенсе, и според договорот со Бразилската федерација, тој во следниот период истовремено ќе ги води својот клуб и националниот тим.

Диниз ќе го води Бразил на септемвриските мечеви со Боливија и Перу од квалификациите за СП 2026, а во ноември има четири меча, од кои едниот со Аргентина. Можно е тој да ги води Кариоките и во март на двата пријателски меча, од кои едниот со Шпанија во Мадрид.

Следното лето има Копа Америка и таму големи се шансите Анчелоти да го води бразилскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести