Анчелоти ќе биде селектор на Бразил и ќе сруши традиција стара 60 години!

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе седне на клупата на бразилската репрезентација, и тоа по завршување на Копа Америка во 2024 година. Континенталното натпреварување ќе биде во јуни и јули во САД следната година, токму кога и му завршува договорот на Анчелоти со Реал Мадрид.

Искусниот 64-годишен Анчелоти во неколку изјави потенцираше дека сака да остане во Реал и по 2024 година, но сега е јасно дека тоа нема да се случи и тој ќе се пресели на бразилската селекторска функција.

Од 2016 година, предводник на петкратниот светски првак беше Тите, кој доби отказ по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето од Хрватска.

Тренерот на Флуминезе, Фернандо Дијас, ќе биде селектор на Бразил во следните година дена, додека не дојде Анчелоти. Во последните 60 години Бразил секогаш на селекторското место имал домашен стратег. Анчелоти ќе биде само четврти странец селектор на Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести