Екипата на Барселона и официјално објави дека Ињиго Мартинес е нов фудбалер на клубот. Репрезентативецот на Шпанија на „Камп ноу“ доаѓа како слободен агент откако летово заврши неговиот договор со Атлетик Билбао.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1676504939688755200?s=20
Триесет и двегодишниот Баскиец ќе биде големо засилување за дефанзивната линија, а со Барселона потпиша договор до 2025 година. Доколку некој клуб сака да го откупи порано, ќе треба да плати 400 милиони евра.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1676516504970444800?s=20
Мартинес во својата досегашна кариера има настапувано само за двата најголеми клуба од Баскија, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.