Членот на англиската ЕФЛ Лига 2, Форест Грин роверс, ја назначи Хана Дингли за главен тренер на првата екипа, со што првпат во историјата девојка ќе предводи професионален клуб во Англија.
Триесет и деветгодишната Дингли досега ја предводеше академијата на клубот и тука испишувајќи историја како прва дама која е предводник на фудбалска академија на машки професионален клуб.
Девојката родена во Велс, во моментов ќе биде само вршител на должноста по отказот за Данкан Фергусон, но може да остане и како трајно решение бидејќи претсезоната во Англија веќе е започната, а многу скоро започнува и првенството.
Дебито на Хана Дингли на клупата на четвртолигашот Форест Грин ќе се случи утревечер, на пријателскиот натпревар против Мелкшам Таун.
https://twitter.com/FGRFC_Official/status/1676341815601922048?s=20