Манчестер јунајтед на социјалните мрежи го претстави своето ново засилување Мејсон Маунт од Челзи. Двете екипи се договорија трансферот да изнесува 55 милиони фунти, плус 5 милиони фунти бонуси, а фудбалерот стави потпис на договор до 2028 година, со можност тој да биде продолжен за уште една.
https://twitter.com/ManUtd/status/1676523817425055746?s=20
Мејсон Маунт потекнува од академијата на Челзи, а освен за својот матичен клуб, има настапи и за Витесе и Дерби каунти како позајмен. Дваесет и четиригодишниот фудбалер за првата екипа на Челзи има одиграно 195 натпревари, додека за репрезентацијата на Англија настапи на 36 меча.