Два клуба од Саудиска Арабија во трка по потписот на фудбалерот на Барселона

Екипите на Ал-Наср и Ал-Хилал од Саудиска Арабија се заинтересирани да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Франк Кеси. Преговорите се веќе започнати, понудата до Каталонците е 15 милиони евра, но од раководството на Барселона очекуваат 20 милиони евра за Франк Кеси.

Според случувањата на трансфер-пазарот ова лето, Барселона би требало да ја добие бараната сума, а тоа ќе значи свежи пари во буџетот на Каталонците, но и простор за нови фудбалери во екипата.

Дваесет и шестгодишниот Франк Кеси минатото лето од Милан се пресели во Барселона како слободен агент, но не е задоволен од минутажата на „Камп ноу“. Тој иако настапи на 43 натпревари за Барселона во сите натпреварувањата, на теренот мина само 1.797 минути, што е во просек по 40-тина минути по меч.

- Оглас -

Најнови вести