Мане по една година си оди од Баерн и повторно прави изненадувачки трансфер

Садио Мане издржа само една година во Баерн Минхен и сега повторно сака да си замине. Тој минатото лето пристигна од Ливерпул за 32 милиони евра, иако беше еден од главните играчи на Црвените од Енфилд.

Договорот на Сенегалецот со Баерн Минхен е со важност до 2025 година, а интерес за неговите услуги има од три клубови од Саудиска Арабија. Најголеми шанси да го доведе во своите редови има Ал-Ахли, каде што фудбалерот повторно би играл со својот поранешен соиграч од Ливерпул, Фирмино.

Сепак, најпрво ќе треба да биде постигнат договор помеѓу клубовите околу висината на обесштетувањето, а дури потоа да се реализира трансферот на Мане во Саудиска Арабија.

Една од причините за желбата на фудбалерот да настапува во Саудиска Арабија е и неговата верска припадност, а според информациите, Мане сака да настапува во муслиманска земја.

- Оглас -

Најнови вести