Ди Марија се врати во клубот во којшто ја започна европската авантура пред 16 години

Анхел ди Марија е нов фудбалер на Бенфика откако му заврши договорот со екипата на Јувентус. Тоа значи враќање на фудбалерот во клубот во којшто ја започна својата европска авантура пред 16 години.

Триесет и петгодишниот фудбалер имаше повеќе опции, понуди од Саудиска Арабија, како и од Интер Мајами од САД, но се одлучи да потпише едногодишен договор со клубот од Португалија со можност тој да биде продолжен најмалку за уште една.

Аргентинецот во 2007 година се пресели од Росарио во Бенфика за 8 милиони евра, а во Европа играше уште и за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Со репрезентацијата на Аргентина ги освои Копа Америка во 2021 и Светското првенство во 2022 година.

https://twitter.com/SLBenfica/status/1676653225880035328?s=20

- Оглас -

Најнови вести