Повикот на Модриќ го премисли Гулер: Турчинот оди во Реал, а не во Барселона

Арда Гулер својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид, а не во Барселона како што беше договорено. Младиот 18-годишен фудбалер на Фенербахче се премислил откако добил телефонски повик од Лука Модриќ.

Според турскиот новинар Волкан Демир, Модрич на Гулер му кажал: „Следната сезона си заминувам и сакам тебе да ти го предадам мојот дрес.“ Во разговорот учествувал и Тони Крос и токму тоа е главната причина што пропаѓа трансферот во Барселона, иако сите детали беа договорени.

Остануваат непознати деталите од трансферот, но вредноста на Турчинот според „Трансфермаркет“ во моментов е 15 милиони евра. Офанзивниот играч од средниот ред веќе има одиграно 51 натпревар за првата екипа на Фенербахче, иако има само 18 години. Гулер деветпати прецизно стрелал и поделил 12 асистенции, додека за сениорската репрезентација на Турција веќе запиша четири настапи и еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести